Home
Мојата email адреса
Моментално читам...
Каде денес?!?
СлободенСофтвер .MK
Linux.net.mk
Наши блогови
СподелиЗнаење
Багра
Wikipedia
FreshMeat
LinuxToday
Web 2.0:
Mibbit online IRC
Содржина:
OpenOffice
Jabber
Сѐ на блогов е Public Domain, освен ако експлицитно не е наведено поинаку.
[Валиден HTML]
[Валиден CSS]
Jabber статус:

Денес бев на презентацијата со наслов „Проценка и услови на Информатичката и Комуникациската Технологија (ИКТ) во Македонија“. Презентацијата беше организирана од UNDP, КИТ и фондацијата Институт Отворено Општество кои потпишаа и некој договор - проектен документ „Формулирање на Национална стратегија за Информатичкото општество и Информатички технологии за развој“. Освен Владимир Милчин (ФОСИ), Јани Макрадули (КИТ) и Фроде Мауринг (преставник на UNDP) на публиката и се обратија и професорот Марјан Гушев и Ѓорѓи Митревски.
Генерален впечаток: презентацијата беше досадна но некои работи сакам да ги коментирам.
Во воведот се збореше за моменталниот проблем со поскапување на импулсите и како тоа негативно ќе се одрази на градењето на ИКТ инфраструктурата т.е. пристап до интернет за поширока популација. Ме зачуди што, кога веќе збориме за ИКТ инфраструктура воопшто не беа ни спомнати отворени стандарди и протоколи. Инфраструктурата не е само хардвер, како телефонски линии и сл., туку вклучува и многу други компоненти врз кои се гради информатичко општество.
Друг интересен момент беше, Јани Макрадули сепак потврди дека не постои националната стратегија за информатички развој, иако кога антикорупциската комисија ја обини владата за нетранспарентен договор, немање стратегија и сл, тврдеше поинаку. Колку за потсетување еве ги неговите изјави за Утрински Весник.
Кога сме кај тој текст, пазете го овој дел: „[Јани Макрадули]...и додава дека, кога станува збор за таканаречените слободни софтвери, таму не постојат авторски права кои се предмет на заштита.“. Замислете го ова, човекот кој е главен за ИКТ стратегијата во нашава држава, воопшто не знае дека слободниот софтвер е базиран на авторски права и на многу концизни лиценци (лиценци кои даваат права и слободи, а не ограничуваат). Дали ова можеби значи дека во Македонија нема да се почитуваат лиценците на слободниот софтвер или ...!?!
Се на се, презентацијата ме потсети на делот од „Life of Brian“ од Монти Пајтон кога се расправаат дека е доста со зборење и потребна е акција и така засекогаш :). Може евентуално овие странциве нешто да подбутнат да се случи, пошто веројатно не може да не поднесат какви мивки сме.