Home
Мојата email адреса
Моментално читам...
Каде денес?!?
СлободенСофтвер .MK
Linux.net.mk
Наши блогови
СподелиЗнаење
Багра
Wikipedia
FreshMeat
LinuxToday
Web 2.0:
Mibbit online IRC
Содржина:
OpenOffice
Jabber
Сѐ на блогов е Public Domain, освен ако експлицитно не е наведено поинаку.
[Валиден HTML]
[Валиден CSS]
Jabber статус:

Не дека од 7 декември до денес немаше што да напишам тука, веројатно имаше и повеќе од обично ... но некако ова времево околу нова година треба нешто да се сублимира годината и сл., а пошто не го направив тоа на време, тешко се продолжува отпосле :)
Anyway, во Македонија нема нешто ново. Од договорот на владата со Мајкрософт, најавуван како IT револуција во МК, не беа исполнети ниту тривијалните македонска верзија на WindowsXP до 1.јули и македонска верзија на MS Office до почетокот на 2005 година... за ветувањата од типот на: развој на IT индустријата, нови вработувања, IT лидер во регионот и сл. воопшто не сакам ни да зборувам - тоа се знаеше дека се празни ветувања, а кои за да се исполнат, потребно е Македонија сериозно да се позанимава со инвестирање во образованието... СЕРИОЗНО. Притоа не мислам само на инвестирање со пари... многу работи можат да се постигнат и без пари. Tреба да инвестираме со идеи (прогресивни?) кои сигурно ќе наидат на прифаќање и ќе го разбудат духот кај младите луѓе.
Во меѓувреме, македонската влада очигледно не ни помислува што ќе прави со својата IT иднина... стратегијата за IT развој ја имаа (според изјавите на некои), па после со UNDP помпезно објавуваа дека ќе се прави, па не се направи.. итн... а можда и ќе се направи... еден ден... само прашање е што ќе има во неа.
Една работа сватив. Прво мислев дека договорот со MS ќе биде голема загуба за Македонија, поголема од 4 милиона долари кој што владата изгледа сеуште не им ги уплатила. Опасноста ја гледав во монополизација на сите сегменти контролирани од владата од страна на Microsoft и нивните не-компатибилни, не-стандарни, proprietary, па конечно и прилично неквалитентни софтверски решенија и технологии. Посебно загрижувачки е доколку тоа се случи со образовниот систем... од кој највеќе очекуваме... дали тој систем ќе создава луѓе кои компјутерите ќе ги гледаат само низ Мајкрософт визијата?
Но, за среќа, тоа е најмногу што Мајкрософт може да направи. Да проба преку институциите да ја наметне својата воља. Епа, слободните луѓе имаат други идеи, а често можат и да си ги остварат. Во министерството за образование решиле дека попаметно е компјутерите за школите да бидат dual-boot, т.е. на нив да има инсталирано и Linux и Windows. Меѓу сите тие деца што ќе дојдат во допир со тие компјутери, ќе има можеби неколку кои ќе се интересираат да дознаат повеќе, ќе го откријат слободниот софтвер, ќе почнат да го проучуваат и да учат од него, ќе почнат да си играат и да го модифицираат... за, на крај, да се здобијат со знаење од IT областа кое никогаш не би го добиле преку производите на Мајкрософт или било кој друг неслободен софтвер... сепак има надеж :).
Во светот пак, Linux веќе се појавува секаде. Во 2003 се појавија првите мобилни телефони со Linux, поединечни обиди да се испита теренот, за да веќе кон крајот на 2004та Јапонскиот гигант NTT објавува Linux базирана платформа за мобилни телефони, а тоа значи дека барем сите јапонски производители ќе работат и со таа платформа. Од друга страна PalmOS објавува дека ќе го прилагоди нивниот PalmOS интерфејс да работи на Linux кернелот. Од трета страна, откога IBM го продаде одделот за PC-ја, рекламите на интернет претежно им се „Linux. Power. Together.“ ... Па имаме секакви media player-и, рутери, storage сервери и многу други gadget-и и home-appliances кои се базирани на Linux, а и многу кои не ни знаеме дека се базирани на Linux (иако тоа е кршење на GPL лиценцата) ... очигледно е со што ќе се занимава IT индустријата оваа 2005 година.
Нормално и во оваа година остануваат истите закани за слободниот софтвер: злоупотреба на патенти, DRM технологии, произволни судски случаи и FUD маркетинг, а и непочитување на лиценците на слободниот софтвер. За среќа во Европа се избегна новиот, контроверзен закон за патенти, кој требаше да овозможи патентирање на било какви софтверски методи. Но тоа се битки кои сигурно ќе мора да се водат и понатаму.
Толку за сега, останете на програмата со ова интересно парче музика, а другпат може ќе ми се пишува за тоа како треба да се реконфигурира општеството :)... но посигурно за многуте работи кои останаа неспомнати сега.