Home
Мојата email адреса
Моментално читам...
Каде денес?!?
СлободенСофтвер .MK
Linux.net.mk
Наши блогови
СподелиЗнаење
Багра
Wikipedia
FreshMeat
LinuxToday

Web 2.0:
Mibbit online IRC

Содржина:
OpenOffice
Jabber

Сѐ на блогов е Public Domain, освен ако експлицитно не е наведено поинаку.
Земете македонски Фајрфокс!
[Валиден HTML]
[Валиден CSS]

Jabber статус:

Изгледа и собранието го усвоило овој документ. Пошто во документот го пишува и ова:

Потребно е да се подржи употребата на слободниот софтвер и софтверот со отворен код како јавно добро кое е достапно за сите граѓани особено преку правото на избор на платформа во формалното и неформалното IKT-образование.

Оваа една линија беше додадена откога „Слободен Софтвер Македонија“ напиша едно по-опширно писмо кои се придобивките од слободниот софтвер и која е опасноста од неслободниот... and all I got is this lousy line.

Но сепак, пошто слободниот софтвер е дел од стратегијата, мислам дека треба да се прашаме како и што ќе направат владата, собранието, итн. (со едно име државата) да го подржат слободниот софтвер? Уствари треба нив да ги прашаме како планираат да ја изработат „Стратегијата“.

P.S.

Во традиционален македонски ИКТ стил, двете PDF датотеки од горниот линк се правени во „MAC C Swiss“ или сличен фонт... среќа што фонтот е вграден во PDF-от па може да се чита, но било каква напредна ИКТ операција врз него е неможна. copy/paste дава латиница, пребарувањето низ него мора да се прави на латиница (бараш „softver“ за да ти најде „софтвер“), што ли ќе се случи кога документите ќе влезат во „дата базата“ и ќе се индексираат за да може и идните генерации да ги најдат и користат...

Само не ми е јасно зашто не користеле OpenOffice кој знае да направи прописен PDF.
[æ]