novica/01217515495
Дома
Зошто airborne?
За мене
ЧПП
Оглас


RSS на куп:

feedburner



Моја протостраница
Мојот Flickr!
Мојата Picasa
Мојот LinkedIn
Мојата identi.ca
Мојата ma.gnolia (застарено)

airborne.blog
Клучни зборови:
Планета
Поп

Друга содржина:
Багер
Разговор
Текстови
Презентации
Мозила
Пси
Друго

Copyleft!
Сè што е мое на овој блог е достапно под GNU GPL верзија 2, освен ако не е поинаку назначено.
Ако не сакате да ја читате долгата лиценца, можете да го видите едноставниот Creative Commons Deed за GNU GPL 2.0.
Ако сѐ уште не ви е јасно, можете виде те го ова објаснување или прашајете на е-пошта.

Дисклејмер
Ова веб место содржи единствено мои ставови и мислења, а не и ставови и мислења на организации или други ентитети каде членувам/работам.

No software Patents!

Eliminate DRM!

Join the Blue Ribbon Online Free Speech Campaign

Valid HTML 4.01 Transitional

Valid CSS!

Ми се чини дека Вилијам Гибсон е единствениот писател кој го следам во континуитет. До сега единствено не сум успеал да ја прочитам Virtual Light и тоа по неколку обиди. Ова главно се должи на тешкотијата што ја имам во фаќање на ритамот на неговите книги. Сите започнуваат некако растргнато на сите страни, а приказната не се насетува на почетокот. Можеби ова најдобро се гледа (хм, чита) на All Tomorrow's Parties.

Од друга страна токму и таа тешкотија ми го прави читањето поинтересно. По почетното фаќање на ритамот, шетањето низ светот што го создава Гибсон е интересно и кон тоа голем придонес има чувството дека не знаете каде точно одите и каде ќе стигнете. На крај она што го скратува доживувањето и уживањето е речиси инстантниот, дури на некој начин и театарски, расплет.

Мислам дека и Spook Country, најновата книга на Вилијам Гибсон, ги има овие карактеристики. Иако некои рецензии не ја сметаат за полнокрвен роман (има помал број на страници од неговите други книги), искуството кое таа го пружа е возбудливо.

Сместена во денешно време, на локации кои, ако ништо друго, ги знаеме од телевизија и со теми што секако се дел од секојдневната доза на вести, книгата раскажува приказна за една голема шега (prank?) и како таа го менува животот на неколкуте протагонисти.

Истовремено ги допира прашањата на новото време, како на пример, приватноста во контекст на постојаниот развој на технологиите, новите политички реалности во глобалниот свет и сѐ поголемото влијание на новите индустрии во него.

Гибсон како да сака да каже дека сѐ што е во книгата се случува и денес, но скриено е зад невидливата завеса на медиумите, соопштенијата за јавност, конференциите за печат, рекламите, кампањите...

Но, како некаков препознатлив знак во делата на Гибсон, во книгата се чувствува и препознавање на моќта што новите технологии уште денес му ја даваат на малиот човек - омилениот лик на Гибсон.

Можеби сѐ уште имаме шанса да ѕирнеме зад завесата...

[æ]