novica/faq
Дома
Зошто airborne?
За мене
ЧПП
Оглас


RSS на куп:

feedburner



Моја протостраница
Мојот Flickr!
Мојата Picasa
Мојот LinkedIn
Мојата identi.ca
Мојата ma.gnolia (застерено)

airborne.blog
Клучни зборови:
Планета
Поп

Друга содржина:
Багер
Разговор
Текстови
Презентации
Мозила
Пси
Друго

Copyleft!
Сè што е мое на овој блог е достапно под GNU GPL верзија 2, освен ако не е поинаку назначено.
Ако не сакате да ја читате долгата лиценца, можете да го видите едноставниот Creative Commons Deed за GNU GPL 2.0.
Ако сѐ уште не ви е јасно, можете виде те го ова објаснување или прашајете на е-пошта.

Дисклејмер
Ова веб место содржи единствено мои ставови и мислења, а не и ставови и мислења на организации или други ентитети каде членувам/работам.

No software Patents!

Eliminate DRM!

Join the Blue Ribbon Online Free Speech Campaign

Valid HTML 4.01 Transitional

Valid CSS!

Чии мислења се испишани на овој блог?

Доколку не е поинаку назначено, на овој блог се испишани само моите мислења и ничии други. Впрочем така пишува и на дисклејмерот што се наоѓа во левата колона на блогов.

Зошто не може да се коментира на твојот блог?

Не може да се коментира поради тоа што софтверот по default нема таква можност. Знам дека постојат решенија да се додадат коментари, но немам контрола над датотеката кај што се интервенира, треба да гњавам други луѓе за тоа, и едноставно не сум доволно мотивиран да го направам тоа.

Ако имате некој важен коментар секогаш можете да го напишете на вашиот блог и потоа врската до записот да ми ја испратите на е-пошта. Ако сакате, може и да го објавам вашиот коментар како дел од мојот запис. Ако толку сакате да искоментирате и јас да знам за тоа, тогаш сигурно нема да ви биде тешко да ми напишете порака.

Зошто користиш ваков софтвер за блогирање, а не поинаков?

Почнав со него и сега е полн со содржини. Миграцијата од овде на некоја друга платформа е тешка и сложена, а немам многу слободно време да се занимавам со тоа. Втора опција е да го оставам овој блог така и да почнам нов на друго место. Сум размислувал за ова неколку пати и повторно не сум доволно мотивиран да го направам тоа. Ќе треба да бирам ново име за блогот, да бирам изглед и тема, да нагодувам опции итн. Сето тоа би ми одзело дополнително време (кое како што реков погоре го немам).

Дали си арогантен кретен, самобендисан сезнајко и слично?

Да.

Зошто сиво, а не црно?

Затоа што од некаде ја украдов оваа тема на бои. Темната варијанта ја одбрав бидејќи некаде прочитав дека така се троши помалку струја, па така помагам во спасување на планетата.

Ново: некаде повторно прочитав дека ова со трошењето струја немало баш врска. Како и да е, не е лоша сивава варијанта. Ќе си остане. :-)

Како моето прашање да се најде овде?

Не можам да ветам дека вашето прашање ќе се појави овде, но напишете ми порака. Ако е поврзано со овој блог веројатно ќе се појави овде.

[æ]