Накратко, ако сакате да ме добиете во дигиталниов свет можете да пишете е-пошта на nnovica_at_gmail.com или IM на JabberID novica_at_bagra.net.mk. Ако сакате да контактирате со Слободен софтвер Македонија тогаш адресата до која треба да испратите пошта е info_at_slobodensoftver.org.mk.
Моето име е Новица Наков. Средно училиште завршив во ДСУ „Раде Јовчевски - Корчагин“ во 1999 год., а подоцна дипломирав економија на УКИМ во Скопје. Во меѓувреме се запознав со GNU/Linux и слободниот софтвер.
Член сум на непрофитната организација Слободен софтвер Македонија и моментално сум нејзин претседател.
Исто така, јас сум еден од луѓето кои ја започнаа Опасна багра во 2001-та година.
На ова URL пишувам негде од јуни 2004-тата година.
Кога сум на Интернет, освен што пишувам овде и читам полно од врските кои се прибележани овде, се грижам и за македонските преводи на Mozilla Firefox, Mozilla Thunderbird и Psi.
Кога не сум на Интернет одам на работа, читам книги, слушам музика и сл.
Ете така, доста е.


