Овде има неколку презентации (.pdf, .sxi и .odp формат) кои сум ги зборел во неколку различни прилики. Искрено се надевам дека нивниот број ќе се зголеми. :)
Презентација на Glocal 2.0 од 09.05.2008 година: Блогови и вработување во Македонија.
Презентација според истражувањето што го правевме јас и Марија Костовска за тоа дали работодавците во Македонија ги гледаат блоговите кога бараат кандидати за нови вработувања.
Предавање за слободно општество, Правен факултет, политички студии и студии за новинарство 16, 17 и 21 март 2006 година
15 слајдови кои ги користевме во предавањата за слободно општество. Зборувавме за слободен софтвер и авторските права и нивните импликации во модерниот свет.
Предавање за слободно општество, Правен факултет, студии за новинарство 16.11.2005 година
Значително изменета презентација во споредба со старите (видете подоле за нив). Оваа презентација не се однесува толку многу на слободен софтвер, т.е. опфаќа и други теми поврзани со слободата и работата со компјутери. По мое видување прилично попогодна содржина за групи на слушатели кои не се конкретно заинтересирани за софтвер.
Конференција за локализација на слободен софтвер, Белград, 1-3 јули 2005
Презентација за активностите во врска со локализација на слободен софтвер кои ги има Слободен софтвер Македонија и пошироката заедница. Презентацијата се состоеше од информации за проектите, луѓето и проблемите со кои сите ние се соочуваме. Презентацијата е на англиски јазик.
Предавања за слободен софтвер, Правен факултет, студии за новинарство 2003 и 2004 година
Веќе две години по ред, некаде во ноември, на часовите по информатика на студиите за новинарство има предавања за слободниот софтвер. Презентациите се прилично обемни и се добра рамка за секој кој би сакал да зборува на историјата на слободниот софтвер и неговото општествено значење.
Преземање:


