Оваа страница чува размена на мислења (прашања и одговори) по е-пошта со луѓе и ентитети за кои мислам дека се некако важни на/за македонскиот Интернет, а можеби и надвор од него.
Која е причината што се одлучив да правам вакви работи? Па, никој друг не го прави, а и ми се чини дека ова е интересен начин да се прошират дополнителни информации и да се создаде дополнителна содржина на нашиов Интернет (и на македонски јазик).
Тоа. Се надевам дека се доволно интересни.
НМП е НМП, а што сте вие?
Ова е првата дискусија. За мене НМП е една интересна иницијатива, случка која заслужува поголемо внимание. Овој разговор се случуваше во март 2006 година. Има 13 прашања и 13 одговори кои веројатно отвараат други 130 прашања. :)


